Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Брзи и бесни- несовесни возачи летаат со 170км/ч и покрај зголемените контроли

Пијани возачи со возилата летаат по македонските патишта. Очигледно не се плашат…

Сподели:

Пијани возачи со возилата летаат по македонските патишта. Очигледно не се плашат од полицијата, ниту ги спречува казнувањето и удирањето по џеб.  За само едно деноноќие полицијата приведе двајца возачи  на патот Куманово – Крива Паланка кои имаат неколку промили алкохол во крвта. Едниот имал, 1,58 промили алкохол во крвта, а другиот возел „Рено“ со скопски регистраски таблички и во крвта имал 1,60 примили алкохол. Полицијата ги привела во полициска станица и ќе им поднесе ркивични пријави за безобзирно управување со моторно возило.

Приведен е и пијан возач кај Македонски брод. Според крвните анализи, шоферот имал испиено повеќе од половина шише жестоко, или преку два литри вино.

Полицијата во Македонски Брод приведе 56-годишен возач со 2,82 промили алкохол во крвта, откако бил затекнат на лице место како го управува возилото во алкохолизирана состојба. Возачот веднаш беше исклучен од сообраќај и задржан во полициската станица. Со ваквите дејствија ја заштитуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Нема да дозволиме несовесни поединци да го загрозуваат животот на останатите граѓани, информираат од СВР Велес.

Реклама

Освен што возат пијани, полицијата привела уште двајца возачи кои на автопат Скопје Тетово и Тетово Гостивар летале со над 170 км на час. Едниот има 19 години и возел речиси дупло побрзо од дозволеното. Другиот има 27 години и возел со брзина од 173 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час.

Во Македонија се вози непрописно со брзина над дозволената, а според билтенот на МВР, се почести се пијаните возачи. Само минатата година, црна е статистиката на жртви во сообраќајот. 30 жртви се пешаци и околу 140 загинале во сообраќајни незгоди ширум државата што се бројки многу високи над европскиот просек.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна информираше дека МВР интензивно работи на законски измени коишто би требало да го имплементираат проектот Сејв сити. Со имплементација на овој проект се очекува да имаме побезбедни улици, побезбеден сообраќај, а со тоа и побезбедни граѓани. Проектот ќе се воведе во Скопје, Куманово и Тетово, а потоа и на територија на цела држава. Надлежните се надеваат дека „Безбеден град“ во иднина ќе спаси многу животи.