Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Акциите на МВР резултираат: За помалку од една година корупцијата не е најголем проблем на граѓаните

МВР конечно по долги години влезе во жестока битка со криминалот, корупцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР конечно по долги години влезе во жестока битка со криминалот, корупцијата и криминалните кланови. Според последната анкета, граѓаните го препознаваат тоа и конечно после долго време корупцијата повеќе не е проблем број еден во државата. Според познавачите, сите јасно може да видат дека полицијата конечно работи на сузбивање на она што долги години беше рак рана на целото општество. Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески, за Алфа вели дека ажурноста на Министерството за внатрешни работи, треба поактивно да ја следат Јавното обвинителство и судовите.

-Факт е дека во оваа година Министерството за внатрешни работи и тоа како покажува сериозни резултати во борбата против корупцијата и против вкупниот криминал со кој што беше обременета Република Македонија изминатиот период. Но, мене нешто друго ме загрижува, во моментов мислам дека Јавното обвинителство не ја следи доволно работата и активноста на полицијата, мислам дека недоволно брзо постапуваат по сите тие предмети, изјави Ѓурчески.

Според последните бројки, корупцијата која долги години беше осамена на врвот повеќе не е прв проблем, односно е за 39,9 проценти. Истите анкети покажуваат и многу поголема предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. 51,7 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за партијата на Мицкоски, додека само 10,9 за опозициската предовдена од Филипче. Според анкетата на Маркет Вижн, на премиерот му веруваат 25,4 проценти, додека на лидерот на СДСМ 3,8. Според Ѓурчески овие бројки се и повеќе од очекувани, а големо влијание врз тоа има токму и борбата против криминалот и корупцијата.

Реклама

-Одредени високопозиционирани структури во Владата, во тогашната власт ја попречувале работата на полицијата, заради она силно партиско политичко влијание врз работењето на полицијата, не дека во полицијата преку ноќ се сменија професионалците, професионалците се тие кои што се. Полицијата во претходната власт беше попрчеувана заради партиските и политичките интереси, изјави Ѓурчески.

По промената на власта полицијата отвори голем број истраги, за кои сега на потег е Обвинителството. Таков пример е Адитив, за сомнежи за перење пари во износ од 6,8 милиони евра, во моментов таму се осомничени 34 лица, меѓу кои поранешните директори на ЕСМ Васко Стефанов и Васко Ковачевски, кој што е во бегство, а од минатата недела и првиот човек на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поради оддавањена службена тајна.

13 лица се осомничени и во случајот за набавка на токсичен мазут, а во притвор за овој случај се сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски, како и поранешниот директор на СЦ Борис Трајковски, Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ. Последниов период МВР влезе и во активна битка со нарко клановите, па неколку лица завршија во притвор, меѓу кои и Раде Трајковски Штекли.  

Во однос на истрагата од страна на МВР и на Обвинителството во поглед на утврдување на одговорноста за трагедијата во Кочани, повеќе од половина граѓани мислат дека надлежните биле на висина на задачата. Една третина од населението не е задоволно од брзината и ефикасноста со која се спроведува истрагата.

Матеја Петровски