Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Закон за Уставен суд, решение за 30 годишната нереформирана институција

Кој се може да стане уставен судија, дали е потребно проширување на…

Сподели:

Кој се може да стане уставен судија, дали е потребно проширување на надлежностите на Уставниот суд и треба ли судот да се реформира? На тркалезна маса во Уставниот суд претставниците на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор отворија дебата за потребата од донесување на посебен закон за работата на Уставниот суд. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека Уставниот суд одамна требало да се реформира бидејќи Уставниот суд е најнереформираната институција.

Уставот има малку одредби за уставното судство, и не е предвиден закон за Уставен суд, констатира шефицата на државата Сиљановска Давкова. Според неа, ваквата состојба им одговарала на сите политички елити од осамостојувањето на државата.  

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски порача дека за ова прашање низ изминатите 30-тина годините има две  работи кои се дополнуваат. Зошто и кому му е потребен статус-кво во уставното судство, и втората е дебата за изборот, кој се – смее да биде уставен судија. Според Костадиновски, граѓаните треба да знаат кои се уставните судии и какви одлуки носат на седниците. Според него, така може да се воспостави брана, кој се – може да биде уставен судија. Тој зборуваше и за терминот истакнат правник при критериумот за ибор на члена на уставниот суд.  Дециден е дека терминот може да се прецизира како и начинот на избор.

Реклама

На тркалезната маса учество земаа амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, германската амбасадорка Петра Дрекслер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.