Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Акција на финансиската полиција: Осомничена братучетка на екс министерот Оливер Спасовски

Газдата на кумановската станица за технички преглед „Пин Петрол“ заедно со две…

Сподели:

Газдата на кумановската станица за технички преглед „Пин Петрол“ заедно со две службенички, едната вработена во Македонска пошта, а другата во Јавното претпријатие за државни патишта според финансиската полиција успеале да проневерат над 22 милиони денари не уплаќајќи го законскиот надомест на претпријатието за државни патишта.

Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба, проневера во службата и несовесно работење . Според финансиска, цели пет години газдата на Пин Петрол бил свесен дека не се уплаќа такса, сепак не презел ништо.

Второосмничена е братучедката на екс министерот Оливер Спасовски, Габриела Спасовска Крстевска која била вработена во Македонска пошта. СПоред полицијата, од фирми и од луѓе, парите наменети за уплата во Државни патишта, ги присвоила за себе со фалсификат налози за уплата.

Реклама

Средствата требало да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта, а за што била должна согласно Договор за вработување во Пин Петрол и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на Пин Петрол склучен со ЈПДП, информираат од Финансиска полиција.

Од кумановската фирма Пин Петрол тврдат дека Габриела Спасовска Крстевска и  кривичниот настан, немале никаква врска со нив. Велат дека имале договор со Македонска пошта и сите одговори требале да се бараат таму.

Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“, стои во демантот на компанијата, велат од Пин Петрол.

Службеничката од Јавното претпријатие за државни патишта, е третоосмничена. Според сомнежите на Финансиска, таа пропуштила контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед и уплатите на државната сметка.