Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Се подготвувам со голема претпазливост за она што не очекува во недела

Ракометниот клуб Алкалоид ќе го игра реваншот против Минаур Баја Маре (Романија)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ракометниот клуб Алкалоид ќе го игра реваншот против Минаур Баја Маре (Романија) во недела, 30 март, во салата „Автокоманда“, со почеток од 19:00 часот. Натпреварот ќе биде решавачки за влез во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Првиот натпревар во Романија заврши со реми 31-31, па сега екипата на Кирил Лазаров ќе се бори за место меѓу четирите најдобри тимови во ова натпреварување.

На прес-конференцијата пред натпреварот, тренерот Лазаров истакна дека ова е многу важен дуел за македонскиот ракомет и спорт, и дека ќе влезат во реваншот со голема претпазливост.

Реклама

„Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме квалитетен натпревар. Во првиот меч, нивниот старт беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мораме да вложиме дополнителен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од нашите навивачи“, изјави Лазаров.

Победникот од овој дуел ќе игра во полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос – Рунар.