Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Зошто пожарот во клубот во Kочани беше толку смртоносен?

16 ти март , 2:35 , дискотека „Пулс“ во Кочани , публиката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

16 ти март , 2:35 , дискотека „Пулс“ во Кочани , публиката ужива во концертот на бендот ДНК, се пее последната песна за вечерта, дел од кореографијата вклучува пиротехника, публиката го следи настапот како и цела вечер незнаејќи дека ќе се случи најголемата трагедија во Македонија

Во моментот кога се појавува оган на кровот, бендот од бината започнува да алармира до публиката да излезат надвор, се случуваат првите обиди да се изгасат кобните огнени јазици

За жал , огнот се шири премногу брзо, настанува паника, луѓето тргнуваат кон единствениот излез во дискотеката и бараат начин како да се спасат, како да си помогнат. Дел од преживеаните сведочат дека биле газени од топлата.

Реклама

Пожарникарите стигнуваат брзо и почнуваат обиди за спасување пожарникарите паралелно со гаснење на пожарот, евакуирале и давале прва помош и реанимација на повредените сликата од надвор е траорна

Зошто пожарот беше толку смртоносен , зошто огнот се раширил толку брзо и зоштo толку многу жртви? Според познавачи со кој разговаравме објектот бил изграден од несоодветни материјали и затоа огнот се раширил толку брзо  и тоа е само дел од мозаикот, допрва истрагата треба да ги открие сите детали.

Просторот бил несоодветен за толку луѓе, според информациите на концертот имало 500 лица, а биле продадени 250 карти, а неофицијално во тоалетот имало над 10-тина кои не можеле да излезат бидејќи прозорот бил со решетки, најголем дел од луѓето биле пронајдени на самиот влез едни врз други.

Неoфицијално, пожарот не развил толку голема температура, како во случајот со модуларната болница и немало некои експлозии, но бил доволно силен. Најголем проблем е што луѓето немало како да излезат и голем дел од жртвите и повредени настрадале поради паничното стампедо.

Од досега што го утврди истрагата немало излезни врати, и прекршени се повеќе стадарди

Дискотеката, не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство. Прекршени се повеќе стандарди кои се косат со правилата за противпожарна заштита. За цел клуб имало само 2 ПП апарата, немало излезни врати за евакуација, противзаконски биле користени пиротехничките средства, концерот, народски кажано, бил одржан на диво, бидејќи немало писмен договоер помеѓу организаторот и изведувачите“, рече вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Пеплосаниот објект во Кочани сега останува да сведочи за незапаметената трагедија до сега во Македонија. За жал за  59 луѓе вечерта која требало да биде запаметена по забава беше кобна.