
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе-барот „Класик“, чиј сопственик е истиот како и на дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица.
Во Кочани во тек е собир на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.
Протестот започна од паркот, а продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.
