Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Здравство

Повредените со тешки изгореници префрлени во најмалку шест земји за натамошно лекување

Вкупно 84 лица, повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 84 лица, повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се згрижени во болниците во Скопје, додека 51 од нив се префрлени во странство за натамошно лекување, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, состојбата на пациентите е генерално стабилна. До сега, обдукција на 15 лица од загинатите е веќе завршена.

Лекарите продолжуваат да се борат за животите на повредените, додека патолозите ги вршат обдукциите на жртвите. Ова се случува на вториот ден од трагедијата која се одигра во диско клубот „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица, а најмалку 155 други беа повредени, кога таванот на клубот се сруши поради пожарот за време на концертот на групата ДНК.

„Имам пријателки и пријатели кои загинаа, а многумина се повредени и сега се на лекување во болница во Скопје. Некои се во критична состојба, други не“, изјави за РСЕ 14-годишната Сара, која денес беше во центарот на Кочани, каде се оддаваше почит на жртвите.

Реклама

Министерството за здравство ја прифати понудената помош од странски земји за згрижување на повредените. Досега, 51 лице е испратено на лекување во шест различни земји.

„На среќа, повредените кои беа пренесени во болниците низ нашата земја се во стабилна состојба. И исто така, пациентите кои беа транспортирани во странство се генерално стабилни. Но, се појавува нов проблем – некои од пациентите кои не се јавиле вчера, денеска започнаа да се јавуваат. Апелирам до сите кои биле присутни на трагичниот настан во Кочани, а кои не се пријавиле вчера, да го сторат тоа денеска“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференцијата одржана на 17 март.