Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Здравство

Пленковиќ изрази сочувство кон Македонија по трагедијата во Кочани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово разговараше со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово разговараше со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и изрази длабоко сочувство по трагичниот пожар во Кочани, кој се случи за време на концертот. Според последните информации, во пожарот животот го загубиле повеќе од 50 лица, а над 100 се повредени, потврди хрватската Влада.

„Ги споделуваме вашите болка и тагата по оваа страшна трагедија, која однесе многу млади животи. Нашето срце е со Македонија во овие тешки моменти“, изјави Пленковиќ во писмото со сочувство испратено до Мицкоски.

Пленковиќ истакна дека Хрватска целосно ја поддржува Македонија во овие моменти на болка и страдање.

Реклама

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Хрватска, изразувам најдлабоко сочувство кон вас, македонскиот народ и пред се до семејствата и пријателите на загинатите. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, додаде премиерот на Хрватска.

Трагичниот пожар се случи во ноќниот клуб во Кочани, каде што се одржувал концерт. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, при пожарот животот го загубиле 59 лица, а повеќе од 100 се повредени. Тошковски додаде дека неколку лица биле приведени, а според првичните информации, пожарот настанал од искра што го запалила таванот на клубот.