Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Eдносменската настава полека почнува да се спроведува, ниту еден наставник нема да остане без работа

Ниту еден наставник нема да остане без работа со воведувањето на едносменската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту еден наставник нема да остане без работа со воведувањето на едносменската настава. Ова го потврди министерката Јаневска, која објасни дека дел од кадарот ќе биде прераспределен во училиштата и општините, каде има вишок на деца, а процесот ќе го спроведе Министерството за образование заедно со локалната самоуправа и менаџерите на училиштата.  

„Дистрибуцијата на наставници во училиштата во Македонија е нерамномерна и во некои училишта постојат паралелки од по 12, 10, 15 деца и повеќе такви паралелки за да се зачуваат работните места на наставници кои што во овој момент би биле вишок ако се спојат паралелките“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Досега во Македонија едносменската настава е воведена во 150 училишта, а од Министерството за образование се задоволни како се одвива процесот. Оттаму велат дека и самите општини, односно градоначалниците, се вклучиле активно во спроведување на проектот и ја разбрале потребата и бенефитите од воведувањето на едносменската настава.

Реклама

„Апелирам до сите градоначалници и сите директори да се посветат на овој проект, затоа што како што кажав бенефитот е мултифакторијален и ги опфаќа и учениците и родителите и наставниците. Нашата анализа вели за да се спроведе овој проект, едносменско работење во училиштата потребна е доградба на 300 училници и 70 санитарни јазли, што би чинело околу 8 милиони евра“. Тоа не може да се направи веднаш и ќе потрае”, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски смета дека со едносменската настава им се олеснува образовниот процес и на децата и на родителите и на наставниците.  

„На учениците, на децата им овозможуваме правилен биоритам на живеењето, да имаат доволно време за воншколски активности по завршувањето на редовниот дел од наставата“, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски.

Инаку министерката со градоначалникот Стојковски денеска ги посетија учениците во училиштето Димитар Поп Горгиев во Ѓорче Петров. Досега во училиштето се направени поголем број инвестиции, како поставувањето на енергетска фасада, девет училници добија нов под, а изградени се и два нови спортски терени, еден на вештачка трева и еден мултифункционален.

Љубиша Владимиров