Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Се менува геополитичката слика во светот: Мир сакаат сите, но патот до него не го гледаат на ист начин

Се менува геополитичката слика во светот. Мир сакаат сите, но патот до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се менува геополитичката слика во светот. Мир сакаат сите, но патот до него, не го гледаат на ист начин. Со новата администрација, САД целосно ја промени политиката во однос на војната меѓу Русија и Украина. За разлика од неговиот претходник Џо Бајден, новиот претседател Доналд Трамп, со цел што побрз крај на конфликтот реши да оствари директна комуникација со руските власти. Новинарот Дејан Андоновиќ за Алфа вели дека тоа го покажува и самиот однос на Вашингтон кон Киев, односно дека безбедносни гаранции ќе има доколку биде потпишан договорот за украинските минерали, што засега е одбиено од страна на Володимир Зеленски.

-Патот кон мирот очигледно не го гледаат исто, повторно ќе кажам Трамп увиде и ја смени од претходникот, зема да преговара директно со Владимир Путин, излезе дека е поголем сојузник со Русија од што е Европа. За Украина не сакам ни да зборувам, бидејќи за Украина условот на Белата куќа е се повеќе тој да се повлече, да има избори и на тие избори и на тие избори новиот претседател да седне и да преговара и да го потпише мирот со Русија, изјави Андоновиќ.

Дополнителен проблем за Украина е и самото тоа што мандатот на Зеленски е веќе речиси една година завршен, па тој веќе ниту за САД ниту за Русија не е легитимен претседател. Раби Седрак од Инстутот за меѓународни, стратешки и безбедносни студии, вели дека на крајот сценариото може да заврши и за барање азил од страна на Зеленски, откако ќе ја напушти функцијата.

Реклама

-Мене многу ми е криво за ваквото сценарио, но ние очекуваме дека ако не заврши војната сега и ако Америка ја сопре поддршката до Украина, дека Украина во многу брзо време ќе паѓа. Ова може да предизвика да кажеме бегање на Володимир Зеленски надвор од Украина, да бара азил на некое друго место и да ја остави државата вака, изјави Раби Седрак од Институтот за меѓународни, стратешки и безбедносни студии.

Катастрофалната посета на Зеленски на Белата куќа, предизвика два дена по средбата со Трамп, во Лондон  да се одржи Самит на лидерите од Европската Унија, на кој една од темите беше и можно формирање на евроспка воена Алијанса. Според Андоновиќ останува отворено прашање како на ова ќе реагира Трамп, со оглед на најавите дека франуцскиот претседател Емануел Макрон, најави зголемување на финансиите за евентуална ваква организација.

-Дали ова е деградација на НАТО или афирмација на НАТО, ако се земе во предвид дека европските сили во нив ќе ги сочинуваат армиите и земјите членки на ЕУ. Од друга страна јасен е ставот на Русија и на претседателот на Русија, Путин, кои два три пати минатата недела потсетија дека распоредување на некакви европски сили би било исто така закана за Русија и дека тие нема да се согласат на тоа, изјави Андоновиќ.

Според Седрак крај на војната мора да има што побрзо, па поради тоа и Зеленски од Вашингтон замина директно за Велика Британија.

-Замина и отиде директно во Лондон, не се врати дома, отиде во Лондон и беше дочекан од премиерот, кој одма му понудија еден пакет помош од два милијарди евра за Украина, за да го консолидираат фронтот, од земјите како спас, изјави Седрак.

Инаку премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, викендов во Лондон го претстави планот од четири чекори за поддршка на Украина договорен со европските лидери и највисоките претставници на НАТО и ЕУ. Британскиот лидер порача дека е „време да се дејствува“ за Европа во осигурувањето на безбедноста на Украина.

Матеја Петровски