Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Средба Николоски-Тигањ: Одличните билатерални односи да ги надградиме со зголемување на трговската соработка меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата на која што беа потврдени одличните билатерални односи,  се разговараше за идната соработка меѓу двете земји.

Вицепремиерот Николоски особено потенцираше дека постои огромна можност за зголемување на економската соработка и троговската размена меѓу Македонија и Хрватска.

Тој информираше дека Владата ја започна најголемата инвестицона активност досега во модернизација на инфраструктурата со посебен фокус на коридорите 8 и 10, кои претставуваат дел од европските транспортни мрежи.

Реклама

На средбата се разговараше и за актуелните политички прашања во земјата и регионот со акцент на реформските процеси што се спроведуваат, а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. 

Вицепремиерот Николоски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон членството во Европската Унија, притоа двајцата говорници се согласија дека билатерналните односи ќе продолжат да се оддржуваат со одлично ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателството меѓу двете земји.