Реклама
Македонија

Мицкоски по враќањето од САД: Добиваме поддршка од сите страни, сите ги разбираат македонските аргументи

Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во светот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во светот ќе се трудам да се борам за Македонија и подобар живот на македонските граѓани  вели премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Вашингтон. Toj оцени дека и оваа посета на САД била плодна, и сигурен е дека Македонија како држава влегла во „оптиката на луѓето кои имаат најгласен звук во светот“.Очекувањата на премиерот се дека наскоро следат добрите резултати да бидат видливи, интензивни и големи.

“Нашата амбиција е таква да се обидеме да преку пркос ја прикажеме она вистинска вистина која што нас, Македонците посебно а и граѓаните во Македонија не боли, затоа што тоа е вистината која што ја чуствуваме сите ние и таа создава една фрустрациуја. Ќе продолжиме да се бориме и понатаму, се додека нормално се занимаваме со оваа работа и се додека ја предводам владата, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за вистината за Македонија и подобар живот на македонските граѓани”, појасни премиерот.

Мицкоски ја потенцираше и големата меѓународна поддршка на Македонија, но вели дека камен на сопнување на евроинтегративниот пат е само една европска членка која ја кочи државата за влез во Унијата.

Реклама

Добиваме од сите страни конкретна поддршка, сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса застануваат и стегаат рака и велат таа е вистината, доста е од двојни стандарди, потребно е да одите напред, но за жал има некои земји членки во ЕУ, една земја членка во ЕУ која што наместо да работиме во 21-от, 22-от век да се враќаме назад во средновековието и во 11-от и 12-от век. Од прилика таа е реалноста, инаку апсолутно добиваме подршка и сите буквално со симпатија гледаат кон оваа малубројна земја во срцето на Балканот со прекрасни граѓани, изјави Мицкоски.

За само еден месец Мицкоски имаше две посети на Вашингтон, а вкупно три за помалку од една година. Честите посети на премиерот во САД се доказ за добрите билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон, ова го потврдуваат експертите.

Претседателот на Владата во петок на 28 февруари заминува во Истанбул на средба со претседатлот Реџеп Таип Ердоган, а неколку дена подоцна ќе учествува на меѓувладина конференција во Будимпешта.