Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Од април повисоки плати за 7%, за наставниците и професорите

Повисоки плати за 7% од април ќе добијат вработените во сите основни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати за 7% од април ќе добијат вработените во сите основни и средни училишта. Преговорите за новите колективни договори меѓу МОН и СОНК се во завршна фаза, а ќе бидат потпишани најдоцна до средината на март. Министерката Јаневска објасни дека ова е второ зголемување на платите за пет месеци, по формирањето на новата влада.

„Mартовската плата на вработените во основните и средни училишта која ќе ја добијат во април ќе биде покачена за 7%. Тој договори е веќе постигнат. Ова е второ покачување на платата и е во согласност со инфлацијата. Со овој договор обезбедуваме континуитет во покачувањето на платите на наставниците и другите вработени во основните и средните училишта кои ќе се одвиват во следните четири години“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Покрај покачувањето на платите на денешната средба Јаневска-СОНК се разговараше и за зголемување на приходите за дел од класните раководители и зголемување на патните трошоци. Претседателот на СОНК, Неделков е задоволен од празговорите, вели со присуството на на состаноците, владата покажува дека се посветува внимание на просветниците работници.

Реклама

„Самото присуство на министерката на состаноците, покажува дека се посветува внимание на квалитетен текст и сакам да изјавам дека таргетот беше до денешниот ден да ги потпишеме колективните договори, но поради обемноста на материјалите и немање закон за наставници и стручни соработници кои се битни за склучување на договорите ќе имаме мало доцнење“, рече Неделков.

Ова е првпат зголемувањето на платите во МОН да се одвива согласно со растот на инфлацијата. Ова е второ покачување на платите во образованието откако на Илинденска седна новата влада.
Зголемување на платите за 5% имаше и во октомври. Премиерот Мицкоски најави дека, до крајот на мандатот платите на наставниците и професорите ќе пораснат минимум за 46 проценти.

Љубиша Владимиров