Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Скопската зоолошка се претвори во куќа на стравот: ВМРО ДПМНЕ бара оставка од директорот на Арасовска

Од место каде најмладите треба да се радуваат, скопската Зоолошка градина се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од место каде најмладите треба да се радуваат, скопската Зоолошка градина се претвори во куќа на стравот. По угинатата слоница, жирафа, монголските коњи, лемури, антилопи, мистериозно угинаа и берберските овци.

Во очекување на извештајот од надлежните, јавноста врие, оти ова не е прв ваков или сличен случај. Во последните три години во зоолошката угинаа повеќе од 40 животни. Јавноста алармираше дека грижата за нив е несоодветна и бараше одговорност. Но, такво нешто досега не се случи.

„Истите се претпоставува дека се отруени од храна која е дадена од овие животни од страна на вработени во институацијата. Според информациите храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја конзумираат. Па оттука се поставува прашањето зошто е дадена оваа храна на животните и кој тоа го одобрил“, изјави Стефан Кирков, советник од ВМРО ДПМНЕ, на град Скопје.

Реклама

Седум берберски овци угинале минатиот вторник. Како и од што, допрва ќе се утврдува преку обдукција. Надлежните се сомневаат дека причината за смртта е труење од гранки од дрвото Тиса, кое со години расте на неколку локации во Зоолошката. Тврдат дека животините не биле болни и имало соодветна грижа за нив:

„Животните беа во добра состојба пред инцидентот, но откако вработените ги забележаа угинати, веднаш беа повикани стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство“ соопштија од ЗОО Скопје.

Зоран Попов е трет директор на Зоолошката градина псотавен од Данела Арсовска, која освен смените на раководните позиции, не направи ништо за да се среди хаосот. Напротив, тој продолжува. Во изминатите над три години во ЗОО не само што угинаа жирафите, лавот, тигрица, пингвини, туку имаше и скандал со кланица на повеќе расни коњи, а етуанизирана беше и слоницата Дуња. Поради катастрофалните услови скопската зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација со кој се стекна уште во 2006 година.

Љубиша Владимиров