Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Дувло на криминалот: Почна да се расветлува криминалното работење на СДСМ и ДУИ во ЕСМ и РЕК Битола

Дувло на криминалот. Очигледно РЕК Битола со години било место од каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дувло на криминалот. Очигледно РЕК Битола со години било место од каде претходната власт преку криминални зделки си ги полнела своите џебови. Повеќе од 20 лица и две фирми се осомничени за големи- милионски во евра проневери.

Последно што е познато во јавноста е случајот со екс директорот Пеце Матевски. Тој со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото за јавни набавки успеале да наместат тендер со кој РУД-КОП ДООЕЛ Битола се офајдил за речиси 3 милиони евра. Финансиската полиција сега ги товари за несовесно работење и злоупотреба на службена положба и овластување за тендерот од 2022 година за ископ во Брод Гнеотино.

Од претходно познат е и случајот Адитив, за кој во притвор заврши и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов. Тој и уште десетина лица се сомничат за злоупотреби при јавни набавки и перење пари.За можните криминали во македонските електрани во иднина се очекуваат уште повеќе истраги од обвинителите.

Реклама

-Министерството за внатрешни работи, заедно со срамежливото Обвинителство, влегуваат во акција, таа акција беше спроведена пред неколку дена. 23 лица се осомничени, два правни субјекта, во периодот што следи 10-тици случаи се работат. На македонските граѓани ќе им стане јасно што се случувало изминативе години, изјави Мицкоски пред два дена.

За можните криминали во РЕК Битола и ЕСМ, беше предупредувано и претходно. Пред една година тогаш лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кажа дека постои обид да се направи епски криминал од 150 милиони евра, преку склучвање на два тендери.

-Покрај овој голем тендер има уште еден рекорден епски, кој трае 18 месеци и тоа е од околу 2 милијарди и 400 милиони денари односно околу 40 милиони евра плус ДДВ што значи околу 46-47 милиони евра кои ги доби позната компанија а ние како партија имавме многу прес конференции за овој епски криминал.  Веќе има 150 милиони евра тендери кои треба да бидат завршени пред изборите за кои постои сомнение дека се исплаќаат авансни провизии во вредност од 20% и постои основано сомнение и информации кои стигаат дека првите 10% ќе се исплатата сега, а вторите мај-јуни кога оваа влада на СДС и ДУИ ќе замине, за да се подготват убаво со куферите и мислат на тој начин ќе се спасат и ќе заминат и мислат дека никој нема да сноси одговорност, нагласи Мицкоски на 25 февруари 2024-та година.

За криминалите во македонските електрани поврзани со фирмата РУД КОП предупредуваше и вицепремиерот Александар Николоски уште пред една година.

-Иста компанија добива два договори со иста вредност, името на компанијата е Руд Коп. Дали случајно или не Руд Коп добива два договори со иста вредност. Едниот договор е потпишан на 06.07 2021 година, а вториот договор е потпишан на 03.10 2022-ра година. Вкупната единечна цена по метар кубен во првиот тендер е 1.896 денари, додека за само една година таа цена пораснала и во вториот тендер е 2.595 денари, изјави Николоски на 27 февруари 2024-та година.

Поранешниот директор на РЕК, Пеце Матевски е во Шутка за случајот „Адитив“ , во кој исто така, се товари за местење тендери и изигрување на постапката за набавка на адитив за јаглен за потребите на комбинатот.

Матеја Петровски