Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Над 100 телефони откриени во Шутка

Над 100 телефони откриени минатата недела кај притворенивци во истражниот затвор „Скопје“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 телефони откриени минатата недела кај притворенивци во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Само неколку дена откако беше откриен телефон кај Васил Јованов, биле направени повеќе претреси. Директорот на „Управата за извршување санкции“ вели дека бројките загрижуваат.

„Тој викенд кога беше пронајден тој телефон, веќе во понеделникот од интервентната полиција отидоа таму да направат претрес во притворскиот дел и беа пронајдени 70 телефони. Два дена или три дена подоцна, повторно ги имав испратено таму, најдоа во други ќелии други 35 телефони. Вчера беа во затворот Шуто Оризари попознат како Шутка, во полутвореното и отвореното одделение, најдоа повторно некаде околу 30 телефони“, изјави Пандов.

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше Пандов.

Реклама

Дел од затворските полицајци, вели тој, не треба да ја носат полициската униформа зошто го срамат целиот затворски систем.

„Никако не треба да носат униформа на затворска полиција и тие го срамат и затворот Шутка и целиот затворски систем“, изјави Пандов – директор на Управата за извршување на санкции

Пандов  го посочи и проблемот со недостиг на медицински пероснал во затворите, проблем кој планира во иднина да го реши по примерите во другите земји од Балканот.

„Секако дека се финансиските придобивки. Тие и сега имаат 30 % поголема плата од обичните вработени доктори, но има и повеќе начини да бидат стимулирани со специјализации. Има повеќе начини, како е во светот тоа решено. Ние нема да измислиме нешто ново. Практиките како е тоа решено во Србија, Хрватска, Бугарија или било која друга земја ќе ги примениме и во Македонија“, изјави Пандов.

Инаку денеска Пандов во Министерството за Правда се сретна со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Ја најавија реформата со која ќе им се овозможи на сите осудени лица што издржуваат затворска казна, да имаат здравствено осигурвање веднаш по влегувањето во затворскиот систем.

Љубиша Владимиров