Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски и Николоски на терен во Општина Кавадарци – многу скоро пуштање во употреба на Дреново – Фариш

Капитални инфраструктурни проекти, реконструкција на улици, изградба на спортски сали, училишта –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капитални инфраструктурни проекти, реконструкција на улици, изградба на спортски сали, училишта – парите од унгарскиот кредит наменети за општините се користат за решавање на децениските проблеми на граѓаните. Премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски за време на посетата на Општина Кавадарци порачаа дека се работи активно на реализирање на проектите помогнати од централната власт. Таму е во тек изградба и реконструкција на повеќе патишта, фекална канализација, а се отвори и спортска сала.

Ние како Влада ќе продолжиме преку министерствата да помагаме во општините, бидејќи тоа е наша цел, да се гради, помалку да зборуваме, а повеќе да работиме. Да градиме нешто што им е важно на граѓаните, рече премиерот Мицкоски.

Паралелно со локалните проекти, засилено се работи и на централно ниво. Вицепремиерот и министер за транспорт вели дека по отворањето на патот Градско – Дреново. Во завршна фаза се и активностите на делницата Дреново – Фариш, која наскоро ќе може да се пушти во употреба.

Реклама

За оваа година повикот беше отворен и очекувам во следниот период очекувам да дојдат апликациите, а она што можам да го најавам дека на следната седница на владата очекувам околу еден милион евра да поминат за донација, за водоводни мрежи кои што трреба да бидат извадени во село Строгово и село Сопот кои што исто така ќе помогнат за подобрување за животот на граѓаните и уште една работа ни е во тек за месец јануари, бевме во близина на Кавадарци и пуштивме дел од она што треба да е експресен пат од Градско до Прилеп, односно ја пуштивме делницата од Градско до Дреново, можам да кажам интензивно се работи на делницата Дреново-Фариш на заштита на косини, на заштита на одредени безбедносни проблеми кои што ги имаше и за многу скоро ќе можеме да видиме отварање и таму, истакна Николоски.

За локалните власти, инвестициите со поддршка на владата се важни и очекуваат тоа да продолжи.

Од Дабниште до Ресава во должина од 3.500 метри комплетно ќе се реконструира постоечкиот пат со негово проширување. За побезбедно движење и поголема достапност. Тоа се средства што ги добивме од унгарскиот заем, преку Министерството за транспорт и врски во вид на грант, појасни Jанчев.

Минатата година вкупно 1,1 милион евра преку Министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка на општина Кавадарци и се реализираат веќе 5 проекти кои се во напредна фаза.