Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Уставен суд му дава рок од шест месеци на Парламентот да ги отстрани штетните одредби од Законот за кривична постапка

Непоправлива штета за правната држава и правниот поредок донесоа промените во Кривичниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непоправлива штета за правната држава и правниот поредок донесоа промените во Кривичниот законик, кои во своето владеење ги донесоа СДСМ и ДУИ. Уставниот суд му даде рок од шест месеци на Собранието да ги поправи штетните измени, инаку законот ќе биде поништен или укинат. Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски кажа дека според оцената на мнозинството судии повредени биле и формалната и материјалната уставност.

„Законодавецот донел закон со непоправлива штета за правната држава и стојам на тој став. При расправата за одлучувањето, доминираа два сета на уставно правни аргументи. Првиот поврзан со формалната уставност, вториот сет со материјалната уставност на законот. Судот и по двете основи, односно мнозинството судии, бидејќи одлуката беше донесена со мнозинство и по двата основи оцени дека основано може да се доведе под сомнеж уставноста на законот во целина“, изјави Костадиновски

Измените во кривичниот законик во 2023-та, уште тогаш предизвикаа бура реакции во јавноста, дека со тоа тогашната власт на тој начин се обидува да ги спаси своите функционери од високи затворски казни за сторени криминали. Според Костадиновски, сите сме требале да бидеме свесни за општествената реалност во која живееме, каде има дефицит на одговорност, суфицит на неказнивост и пандемија на коруција и злоупотреба на јавните функции. Токму поради тоа Собранието морало да води грижа кога ја формирало казнената политика.

Реклама

„При нормирањето или при измена и дополнување на веќе нормирани односи во општеството и Собранието, исто како и Уставниот суд имаат должност да водат сметка за она што се нарекува реален Устав, непишан Устав, она што значи уставна стварност, општествена реалност во која живееме. За жал по оцена на судиите Собранието се апстрахирало од ваквата реалност“, изјави Костадиновски

Измените предизвикаа жестоки реакции и кај правната фела, но и Европската комисија, бидејќи се однесуваат на членови што ги ублажуваат казните кои се однесуваат на функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а беа донесени за два дена. Предложените законски измени беа изгласани со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, по што беа потпишани од тогашниот претседател Стево Пендаровски.