Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Интерпелaцијата стигна до членовите на Судскиот совет – Ќе има ли оставки?

Без став и конкретен одговор дали ќе си поднесат оставки ако пратениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без став и конкретен одговор дали ќе си поднесат оставки ако пратениците кои ги избрале им изгласаат недоверба, се двете членки на Судскиот совет, експретседателката Весна Дамева и адвокатката Татјана Чачарова Илиевска.

Тие ја примиле интерпелацијата, но прво сакаат да ја анализираат и проучат, па потоа да се произнесат во јавност.

Поранешната адвокатка Чачарова Илиевска која стана член на Советот на предлог на Комисијата за избор и именувања во 2021, не се согласува дека треба да има колективна одговорност, туку индивидуална.

Реклама

Ниту екс претседателката Весна Дамева која е во Советот по прелодг на поранешниот шеф на државата, Пендаровски, нема одгговор дали има намера да даде оставка.

Инаку, претседателот на Собранието, Африм Гаши, официјално ги извести петте членови на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, дека е побарана интерпелација за нив. Овие членови беа избрани во Собранието.

Во образложението на интерпелациите стои дека се поднесени поради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување на довербата на граѓаните во судството

Барањето за интерпелација на членовите во Собранието, беа поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Влен“ и ЗНАМ.

Имињата на сите пет членови, се поврзуваат со партиски врски на претходната власт на двоецот СДСМ- ДУИ. Најкротроверзна е Весна Дамева, поранешната членка на правната комисија на СДСМ.

Таа заедно со Павлина Црвенковска, никогаш не биле судијки, туку стручни соработници. Двајца од членовите на судскиот совет доаѓаат од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, каде со години се вработувше исклучиво кадар на ДУИ. Поранешната адвокатка Татјан Чачарова Илиевска во советот дојде од кабинетот на екс премиерот Зоран Заев каде била посебен советник за правда. Во Владата на Заев, таа го замени  и Рашковски како посебен претсставник од Владата во управниот одбор на Телеком.