Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Почна процедурата за разрешување на Коцевски

Многу пропусти, постапки без ефикасност и заштита на функционирите од СДСМ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу пропусти, постапки без ефикасност и заштита на функционирите од СДСМ и ДУИ кои го избраа – ова му тежи на глава на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, за кого Владата почна постапка за разрешување.

Премиерот Мицкоски вели дека Коцевски имал доволно време да се покаже, но и очекува од него самиот да се повлече за да се скрати целата постапка.

  • „Имаше тој доволно можност да се размавне, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомнение за сторен криминал, но очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина, така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега владата почнува еден процес, денеска бев во Парламентот, тој процес е започнат, Парламентот ќе заврши. Мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече, да можеме да го скратиме овој период, да можеме да избереме Обвинител кој што бескомпромисен бореќ ќе биде против криминалот и корупцијата во Македонија,“ додаде Мицкоски.

Министерството за правда го подготвува предлогот за разрешување, по што, ќе го достави до Илинденска, па оттаму ќе биде препратен до Советот на јавните обвинители.

Реклама

Највисокото обвинителско тело ќе треба да донесе мислење во рок од 15 дена, а дополнителни 15 може да има само од оправдани причини. Колегите на Коцевски, може да не се согласат со разрешувањето на републичкиот обвинител, но тоа не ја запира постапката која ќе продолжи во законодавниот дом. На Коцевски ќе му пресудат пратениците кои го имаат крајниот збор.

  • „До сега до Советот нема доставено никаков предлог, кога ќе биде доставен ќе се произнесеме “ рече Душица Димитриевска – Претседател на Советот на ЈО.

Една од причините поради кои Владата бара Коцевски да си замине од фукцијата е начинот на кој беше именувана Наташа Крстевска Цилева за шеф на Скопсското вишо обвинителство. За ова претседателката на Советот на јавни обвинители застанува во одбрана на колегата – вели оваа одлука била донесена едногласно.

  • „Беше донесена одлука, следејќи ги состојбите во Вишото јавно обвинителство каде вишиот јавен обвинител е оддалечен од функцијата, Советот утврди дека е потребно во ова јавно обвинителство да се назначи обвинител кој ќе раководи со Обвинителството. Таа одлука е едногласна“, рече Димитриевска.

По истекот за законските рокови без разлика дали обвинителскиот советот ќе даде или нема да даде мислење, предлогот за разрешување ќе оди пред Собранието, каде е извесно дека Коцевски ќе биде резрешен, зашто за тоа е потребен само 61 глас.

Според Законот за јавното обвинителство, републичкиот обвинител се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради тешка дисциплинска повреда или ако е член во политичка партија.

Како тешки дисциплински повреди се сметаат намерно или неоправдано правење на крупни професионални грешки, било каква судска пресуда, неизземање во случаи кога требало да се изземе од постапување, издавање на класифицирани информации од истрага и од судења, недолично донесување и кршење на јавен ред и мир, неподнесување изјава за имотна состојба.