Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„МОН“ направи апликација за „Е-дневник“, може да се симне со еден клик на веб-страната на министерството

Со еден клик на веб страната на министерството за образование, стотици илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со еден клик на веб страната на министерството за образование, стотици илјади родители и старатели ќе можат да си ја симнат новата апликација за електронски дневник и да ги следат секојдневните училишни активности и оценките на нивните деца. Се што треба да направат е да го внесат истото корисничко име и лозинка што и досега ги користеле.  Министерството за образование и наука, забрзано работи на целосна дигитализација на образовниот процес.

„Отсега во секое време ќе имаат брз пристап до информации за распоредот и содржината на часовите на нивните деца за редовноста на наставата, оправдани или неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценики, издадените сведилтества и слично се од содржините на е-дневникот“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Во апликацијата има архива на сите учебни години, односно родителите ќе можат кога сакаат да гледаат се, не само за тековната година. Во меѓувреме стручен тим ќе им биде достапен 24/7 за било каква корисничка поддршка.

Реклама

„Веќе ја тестиравме и се уверивме во функционалноста на апликацијата. Сигурна сум дека ќе биде многу користена затоа што нема родител или старател кој не е заинтересиран да го следи и да учествува во образованието на своето дете“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Министерството интензивно работи и на поставување на уште подобра интернет мрежа што треба да им овозможи поквалитетно предавање на лекциите на наставниците во ова време на дигитален живот.

Дигитализацијата е повеќе од потребна во образованието, а позитивните промени почнаа неодамна, откако учениците и студентите добија можност за стипендии да конкурираат по електронски пат. Студентите, исто така, на овој начин конкурираат и добиваат сместување во студентските домови, без да трошат време и пари за патување.  

Љубиша Владимиров