Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок

Време е да се воведе ред во руинираниот македонски правосуден систем преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е да се воведе ред во руинираниот македонски правосуден систем преку коренити промени кои ќе значат „почеток на крајот“ – дециден е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој најави итни реформи во правосудтсвото. Според него кочница за разрешување на  членовите во Судскиот совет е законот и затоа тие не можат да бидет разрешени, но борбата за промени ќе биде со јавниот притисок – вели премиерот.

„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.

Премиерот ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформите во судството. Во фокусот на промените ќе биде Советот на јавни обвинители.

Реклама

Владејачката партија заедно со парламентанрното мнозинство пред два дена и официјално ја поднесоа иницијативата за разрешување на пет члена од Советот кои се избрани од Парламентот.

Судството кое ужива само 2% доверба е мета на критики – и на јавноста, и на експертите, и на меѓународните институции – а токму судскиот совет е една од институциите за чии сериозни недостатоци ЕУ постојано предупредува. Според власта овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во правосудството и напредокот на Македонија. Затоа, решавањето на овие предизвици е неопходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.