Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Во насока на заштита на животната средина и овозможување на граѓаните бесплатно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на заштита на животната средина и овозможување на граѓаните бесплатно да се ослободат од непотребниот кабаст отпад и шут, Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во соработка со Министерството за животна средина, организира тримесечна акција за собирање на кабаст отпад. Оваа акција е дел од акцискиот план на Владата за почист воздух.

Акцијата ќе започне за две седмици и ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15-ти до 20-ти во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад и шут. Секое одложување надвор од дефинираните локации ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби на Општината.

Општина Кисела Вода и досега редовно организираше вакви акции, но оваа е прва што ќе трае цели три месеци, со што се овозможува поширока и подетална акција за расчистување на непотребниот отпад. Правилното складирање и управување со отпадот е од клучно значење за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните. Несоодветното одложување на кабастиот отпад доведува до загадување и создавање на диви депонии, кои дополнително го загрозуваат квалитетот на воздухот, почвата и водите. Затоа, ги повикуваме сите граѓани совесно да се однесуваат и да го одложуваат отпадот само на предвидените локации.

Реклама

„Општина Кисела Вода посветено работи на зачувување на животната средина и унапредување на условите за живот на нашите граѓани. Оваа тримесечна акција за собирање на кабаст отпад е уште еден доказ за нашата континуирана грижа за екологијата. Со оваа акција им даваме можност на жителите да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут и друг кабаст отпад на легален и организиран начин. Со поставување на определени локации за одложување, спречуваме создавање на диви депонии и непотребно загадување на околината. Дополнително, нашите екипи ќе вршат редовни контроли за да обезбедат правилно почитување на акцијата. Во исто време, во тек е генерално чистење на oпштината, каде што се собира комунален отпад од сите населби и населени места. За жал, сведоци сме дека меѓу овој отпад се наоѓа и големо количество кабаст отпад и шут, што укажува на тоа дека сè уште има граѓани кои не го почитуваат законот за животна средина. Затоа, апелирам до сите да ја искористат оваа акција, да го одложуваат отпадот на предвидените места и да дадат свој придонес кон почиста и поубава Кисела Вода. Само со заеднички напори можеме да ја зачуваме нашата општина уредна и еколошки одговорна“ изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.