Реклама
Македонија

Мисајловски се сретна со амбасадорката на Кралството Норвешка

Денеска во Министерството за одбрана остварена работна средба со амбасадорката на Кралството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Министерството за одбрана остварена работна средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом и одбранбеното аташе Даг- Магне Лунде со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

„Остануваме посветени во зајакнување на одбранбената соработка во нови проекти, обуки, едукација на цивилниот и воениот кадар. Македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата“, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.