Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Mицкоски: Нема толеранција за субјектите кои шпекулативно се обидуваат да ќарат на грбот на граѓаните

Засилени контроли и итна реакција на терен. Владата најави борба против злоупотребите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени контроли и итна реакција на терен. Владата најави борба против злоупотребите кои ги прават дел од трговците. Премиерот на итен состанок со првите луѓе на Пазарниот инспекторат, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Министерството за економија.

Добија насоки сите инспектори да излезат на терен и да изречат ригорозни казни за сите маркети кои неосновано заработуваат на грбот на потрошувачите.

„Беа потенцирани два ланци на маркети од страна на ваши колеги, кои што можеби според нивното кажување прават одредено изигурвање на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и во деновите кои што следат, бидејќи информациите со кои располагаме имаме отприлика 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба длабоко да се навлезе дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли“, рече Христијан Мицкоски.

Реклама

Премиерот вели дека го разбира револтот на граѓаните кои се организираат за бојкот на трговските синџири в петок и додава дека Владата ќе се справи со овој проблем и ќе направи се што е во нејзина моќ за да го заштити стандардот. Во исто време, вели премиерот, ќе се продолжи и со субвенционирање на најпогодените категории граѓани.

Во меѓувреме повикот за бојкот в петок под паролата „Попусто поусти, кога цените се исти“ наидува на се поголема поддршка.

Зад акцијата застанаа и од Организацијата на потрошувачи и Синдикатите. Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека граѓаните мора да се заштитат од дивеењето на трговците кој екстремно ги покачија цените без никаква причина.

Ова требаше и порано да се случи затоа што екстремното покачување на цените во денешно време донесоа до една суптилна ситуација каде што 100 денари пред неколку, пет, шест години денеска вредат многу повеќе од 200 денари во денешно време. Се надеваме дека тој закон за нефер трговски практики ќе создаде ред. Но, потребно е силна инциијатва од институциите тоа да се спроведе на терен. Можам да кажам тие есенски кошнички и новогодишната кошница дадоа ефекти, но гледавме како се однесуваат трговците во моментот кога им е дадена слобода да одучуваат сами“, рече Благоја Ралповски од „КСС“.

Иницијативата за бојкот се случува по период во кој Владата посредуваше во обидот да ги заузда цените. Имаше и конкретен договор, кој сепак првично дел од трговците го изиграа, за подоцна да почнат да го спроведуваат во рамки на т.н. новогодишна кошничка. Во моментов во сила е законот за нефер трговски практики кој треба да стави ред во трфовијата.

Инаку, кампањата во Македонија да за бојкот настана по примерот на иницијативите во Хрватска и Босна и Херцеговина каде граѓаните планираат да се воздржат од купување во супермаркети и да ги избегнуваат помалите маркети на 31 јануари. Слични чекори најавија и граѓаните во Црна Гора.