Реклама
Прилози

Шесте еко автобуси донација од ЕУ сè уште стојат паркирани во гаража

Сè уште стојат паркирани во гаража шесте еко-автобуси донација од ЕУ. Каско-осигурувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè уште стојат паркирани во гаража шесте еко-автобуси донација од ЕУ. Каско-осигурувањето и  погрешно заведениот број на шасија ги заглавија таму. Ова се причините кои ги наведоа од ЈСП, но дали и кога ќе се надминат проблемите одговор нема.

Ова позади мене е депото на „ЈСП“ каде се паркирани еко-автобусите. Кога ќе будат пуштени во употреба, никој не знае“.

Возилата беа донирани на крајот на ноември минатата година, требаше да почнат да сообраќајат низ улиците на метрополата за една недела, но, тоа не се случи, а оттогаш поминаа два месеци.

Реклама

Засега молк од „ЈСП“ и директорот Драги Кушевски. „Алфа“ праша во што е проблемот и зошто автобусите досега не се ставени во функција, но, оттгаму не не удостоија со одговор. „Алфа“ неофицијално дознава дека „ЈСП“ нема пари да го плати Каско-осигурувањето за автобусите.

Осигурувањето на автобусите е последната причина зошто тие стојат паркирани. Претходно од „ЈСП“ ” соопштија дека проблем се јавил и со погрешно заведениот број на шасијата на еден од автобусите, а грешката била утврдена откако претпријатието ги презело автобусите.

Еколошки автобуси се повеќе од потребни по скопските сообраќајници, за колку толку да се намали загаденоста на воздухот во градот, кој редовно е на врвот на листата на метрополи во светот со најнеквалитетен воздух. И премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека владата ќе распише тендер за набавка на 120 електрични автобуси. Во моментов се скенира пазарот и се бара најповолниот начин за набавка, а најголемиот број од автобусите ќе бидат наменети за Скопје.

„Станува збор за електрични автобуси, еколошки автобуси заедно со 50 места за полнење односно полначи. Тоа е она што технички го дефиниравме, меѓу 350 и 400 километри да сообраќајот, што би било сосема доволно. И мислам дека кога тие ќе се појават на улиците ширум градовите во државата мислам дека драматично и загадувањето ќе влијае да се намали“, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Инаку донираните еко-автобуси се произведени во Турција, а гаранцијата им важи две години. Во Македонија постои фирма која би можела да ги сервисира и да обезбеди резервни делови. Автобусите возат на метан, а од ЈСП велат дека на возачите нама да им биде потребна обука околу управувањето со нив.

Љубиша Владимриов