Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

По шест години падна предметот за „Организаторите на 27 април“

После шест години изживување, малтретирање и политички прогон врз поранешните министри Спиро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После шест години изживување, малтретирање и политички прогон врз поранешните министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, екс собранискиот спикер Трајко Велјановски како и поранешниот директор на УБК, Владимир  Атанасовски, кои се гонеа како организатори на собраниските настани од 27 април, Кривичниот суд им ги усвои барањата за амнестија и тие се одлободени од вина.

Судијата Илија Трпков во говор од половина час ги критикуваше поранешните функционери за непатриоско однесување презентирајќи им видео снимки од настаните во Собранието од 2017-та година. Трпков се уште стои на ставот дека постојат организатори за тепањето и кршењето во Собранието, а обвинетите, наместо да докажат дека се невини, побарале милост од државата. Сепак бидејќи Обвинитеството и Апелација не мислат така, тој морал да ги амнестира иако судот ја носи конечната одлука.

И покрај тоа што обвинителството не побара да се примени Законот за амнестија за екс директрот на УБК Владимир Атанасовски сепак судот  го прифати неговото барање и го амнестираше.

Реклама

Адвокатите на обвинетите поранешни функционери велат дека по 6 години изживување и политички прогон судот конечно постапил правилно, иако според нив не ни требало да се покрене обвинение за овој случај. Побараа државата да истражи кои се вистинските организатори.

Денешната одлука на Кривичниот суд следува откако пред еден месец Јавното обвинителство за органиран криминал побара да се примени Законот за амнестија против тројца обвинети во овој предмет. Минатата, година истото го побара и Апелација откако ја укина првостепената пресуда и ја врати на повторно опдлучување бидејќи имало недоречености во пресудата во која не се земал во предвид Законот за амнестија од 2018 година.

Со првостепената пресуда од 2021-ва година за сите четворица обвинети во случајт беа досудени 25 години затвор. Екс собранискиот спикер беше осуден ан 6 ипол години, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристевски на 6 год и 3 месеци, а екс директорот на УБК на 6 години затвор. Јанакиевски и Ристовски добија и пресуда од Стразбур за нивно кршење на човекови права. Тие преживеа тортури и физички напади додека лежеа во притовр за овој случај.