Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нова ера за САД и за светот: Амбициозните планови на Доналд Трамп значат и најава за промени на глобална сцена

Нова ера за САД, но и за светот. Најавата на Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова ера за САД, но и за светот. Најавата на Доналд Трамп дека се враќа златното време на Америка значи и најава за промена на глобалната сцена.

Новинарот Дејан Андоновиќ за Алфа вели дека Трамп презентирал амбициозен план, па останува да видиме што од тоа ќе исполни во својот четиригодишен мандат.

-Со низа менувања на геостратегијата и внатре и во светот најави дека ќе го менува светот дека ќе ја направи Америка повторно голема, она негово ветување кое го имаше уште во првиот мандат. Едно е сигурно Трамп најавува дека ќе дојде до целосна промена на светот на подобро се разбира. Тој вчера почна и со некакви закани од типот на тоа дека нели вонредна состојба кон Мексико, ќе ги врати сите мигранти во Мексико, се повлекува од Светска здравствена организација, ќе видиме што ќе биде со НАТО, изјави Андоновиќ.

Реклама

На надворешен план една од главните цели на САД ќе биде свет без војни. Трамп порача дека не е убеден дека примирјето во Газа ќе се одржи, но најави дека неговата цел е да биде миротворец. Според него успехот на неговата администрација ќе се мери по однос на тоа кои војни ќе ги завршат и војните кои нема никогаш да се вклучат. Една од војните кои Америка сака да ги заврши е и руската агресија на Украина. Според Андоновиќ јасно е дека ќе следуваат разговори на оваа тема.

-Тој веќе им наложил на своите соработници да организираат контакти или комуникација и разговор со Путин. Ќе видиме, она што го гледаме сега сме во очекување да видиме кога, дали и како ќе разговараат и што ќе биде евентуален исход од разговрот. Можеби веќе и разговарале, нели во надворешната политика она што го гледаме во медиумите не е секогаш во „real- time“, туку отпосле ги дознаваме. Едно е сигурно, неговиот мировен предлог е да запре војната до таму кој колку освоил, изјави Андоновиќ.

47-от претсетадаел на САД Доналд Трамп, кој беше и 45-ти, положи заклетва пред главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс. Се заколна на две Библии, лична што му ја дала мајка му во 1955 година и историска користена на инаугурацијата на претседателот Абрахам Линколн во 1861 година. Заклетва положи и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Матеја Петровски