Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Синдикатите лути на трговците за порастот на вредноста на синдикалната кошничка

63.252 денари. Синдикалната кошничка станува се поскапа. Последните пресметки на Сојузот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

63.252 денари. Синдикалната кошничка станува се поскапа. Последните пресметки на Сојузот на синдикати и натаму покажуваат нагорен тренд кој не запира и во првиот месец од 2025. Синдикалците алармнираат дека само за храна и пијалоци, за една година трошоците се зголемиле за дури 10,43%. Или ако лани во јануари за оваа потреба требало да се одвојат најмалку 21.000 денари, сега една година подоцна, трошокот изнесува 23.200 денари. Од ССМ предупредуваат дека растот на цените станува неиздржлив. Клучната вина за ова според нив е кај трговците и нивната алчност за профит на грбот на граѓаните.

„Токму овие газди не покажаа ниту ронка почит не покажаа достоиснтво да бидат општествено одговорни компании како ги повикуваше и владата, а на почетокот мораше да интервенира и владата заради енормното зголемување на цените“, изјави Слободан Трендафилов претседател на ССМ.

Од синдикатот бараат Владата да преземе и други мерки за да го заштити стандардот на граѓаните. Но исто така и да ги зголеми платите за да може да се издржи ценовниот удар:

Реклама

„Можеби се потребни и други мерки од страна на Владата без најава да креира кошничка без да ги информира трговците без да ги консултира без да ги прашува и можеби ние ќе преземеме далеку поригорозни мерки за да ја подигнеме свеста на граѓаните“, изјави Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ.

Покрај храна и пијалоци, граѓаните добар дел од своите примања ги трошат и на образование, станарина и облека. Трошоците стануваат уште поголеми за оние кои живеат под криија. За нив минималниот месечен трошок изнесува 78.627 денари. За облека и обувки граѓаните трошат 5751 денар. Само за образование на едно четиричлено семејство му се потребни повеќе од 7000 денари. За транспорт се троши околу 5000 денари, а по толку се потребни и за рекреација и одење по ресторани. За здравје се трошат повеќе од 1000 денари.

Што се однесува до барањата на УПОЗ за повисоки плати и колективни договори, Трендафилов рече дека Владата одговорила позитивно за средба и дека истата ќе се случи по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од САД каде присуствуваше на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.