Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Доналд Трамп положи заклетва – стана 47. Американски претседател

„Свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и ќе го чувам, заштитувам и бранам Уставот на Соединетите Држави најдобро што можам“, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Златното време на Америка почнува сега. Ќе ја вратиме сувереноста, ќе ја обновиме безбедноста, ќе ставиме крај на злоупотребата на правдата. Ова беа главните ветувања на 47-от американски претседател Доналд Трамп откако свечено положи заклетва.

„Многу едноставно, на прво место ќе ја ставам Америка. Вагата на правдата ќе биде ребалансирана. Злобната, насилна и неправедна инструментализација на Министерството за правда и Владата ќе заврши“ рече Трамп.

Реклама

Прогласување на вонредна состојба на американско-мексиканската граница и означување на наркокартелите како странски терористички организации, Америка повторно ќе стане производствена земја и ќе ги користи резервите на нафта и природен гас, укинување на цензурата и на програмите за различност, еднаквост и инклузија во федералната влада, беа другите пораки.

„Ни ги учеа децата да ја мразат нацијата Имаме шанса како никогаш досега. Но, прво мораме да се соочиме со предизвиците. Владата имаше криза на доверба, многу години на корумпиран естаблишмент. Имавме влада која даваше милиони долари за безбедност на други нации, но не знае да се справи со домашните проблеми на своите граници“, рече Трамп.

Во својот прв говор како претседател Трамп рече дека главен приоритет ќе му биде создавање нација која ќе биде горда, просперитетна и слободна и дека Америка има шанса да ја искористи оваа можност како никогаш досега. Досегашното владеење на Бајден донесе криза во довербата на системот поради долгогодишното корумпирано владеење. Неговата влада запаѓаше во кризи и катастрофи како на домашен така и на меѓународен фронт, рече Трамп и додаде дека Америка станала безбедно место за криминалците кои легално влегувале во земјата. Трамп рече и дека САД ќе ја поврати контролата врз Панамскиот Канал.

Тој потсети и на неговата кампања кога преживеа два обида за атентати. Рече дека иако се обиделе да му ја одземат слободата и животот, Бог го спасил и преживеал за да ја направи Америка повторно голема. Пред насобраните поддржувачи им порача дека јануари 2025 година е моментот на ослободување на Америка. 

Трамп, кој беше и 45-ти американски претседател, положи заклетва пред главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс. Се заколна на две Библии, лична што му ја дала мајка му во 1955 година и историска користена на инаугурацијата на претседателот Абрахам Линколн во 1861 година.

Заклетва положи и потпретседателот Џејмс Дејвид Венс. Церемонијата првично требаше да се одржи пред американскиот Капитол, но поради студеното време беше преместена во Конгресната Ротонда.