Реклама
Македонија

„Цитроенот“ со кој билa грабанта Вања пристигал пред зградата во 6 часот и 37 минути

Обвинетите за двојното убиство направиле проба колку време ќе им биде потребно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетите за двојното убиство направиле проба колку време ќе им биде потребно за да стигнат до зградата на Наум Наумовски Борче каде живеела малолетната Вања, три дена пред да ја грабнат и убијат. Ова обвинителството го докажува пред судот со видео снимките кои ги презентираше на рочиштето. На 24 ноември 2023-та година во раните утрински часови прв на камерите е регистриран Влатко Кешишев кој полни бензин во пластична туба на бензиска под Железничката станица во Скопје. Неколку минути подоцна се забалежува „реното кангу“, возилото кое било позајмено за користење во партијата Десна, а по 6 часот и украдениот „цитроен“ од Жежовски. Возилото во велешки таблички доаѓа од  Маџари – Триангла до зградата каде што живее Вања. Три дена подоцна, односно на кобниот 27 ноември 2023 година, околу 6 ипол сабајле, синиот „цитроен“ тргнува од Чаир, преку мостотот Гоце Делчев, доаѓа до улицата Орце Николов, наведе обвинителката презентирајќи ги видеата пред судот, и како што рече се забележуваат три лица во возилото. 

  • На следното видео се гледа цитроенот во 6,36 минути  како навлегува на паркингот, подзастанува кај хотел Парк и подолжува да се движи право по паркингот на зградата на оштетената Вања“ рече обвинителката.

Реното кангу, е забележан на камерите од „Сејф сити“, во 7 ипол сабајлето на 27-ми ноевмри 2023 година како доаѓа по Илинденска до хотелот Александар Палас, од каде се упатува кон Момин поток, а во него има едно лице. Снимките кои се по 7 часот и 38 минути ќе бидат презентирани на следното рочиште закажано за во понеденик. За тогаш Палевски најави и ново барање, овој пат за изземање на двете обвинителки односно целото скопско Обвинителство. Одбраната на Палчо приговараше и за изведените видео снимки.

  • „За вакво сериозно обвинение кое се поднесува, еве можам да кажам конкретно за мојот штитеник Палевски треба да има докази. Обвинителството денеска 4 саати загубивме да гледаме како количиња се шетаат низ Скопје во магла и ни објаснуваат како се движат по скопските улици. Сами видовте дека немаат еден елемент на дејствие преземено кој е предмет на кривично дело“, рече Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Инаку, претседателот на скопскиот Кривичен суд му го одби барањето на Палевски за изземање на судијата Ивица Стефановски од судската постапка која се води за убиствата на Вања и Панче. Стефановски кажа и дека од МВР му стигнало известување дека клучниот сведок за постапката, Гоце Трајковски, кој водел паралелна истрага со полциијата, е недостапен на органите на прогонот. Обвинителството не се откажува од негово сослушување доколку биде фатен до завршување на судската постапка.