Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

По смртта на близначињата – ДСЗИ ќе врши вонреден надзор во прилепската болница 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во понеделник ќе има вонреден надзор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во понеделник ќе има вонреден надзор во прилепската болница за смртта на премрзнатите и гладни близначиња. Директорот на инспекторатот, вели дека ќе се испитуваат сите документации за третманот на бебињата од страна на докторите.

Според информациите од болницата, мајката била предупредена од дежурниот педијатар дека можни се здравствени последици кај новороденчињата, но таа со потпис и на своја одговорност си ги земала дома – вели главниот неонатолог на болницата, д-р Лилјана Христоска. Според неа, нема лекарска грешка во треманот на децата.

Двете близначиња се родени во 34 гестациска недела.Тие пред испис бea во добра здравствена состојба без кислородна поддршка.Без никаква терапија, исклучиво за исхрана и со тенденција на пораст на телесна температура.Новородените не беа за испис од болница, поради пониска тежина, но и покрај убедувањата дека се можни последици по нивното здравје мајката инсистираше да бидат испишанивелат од прилепската болница.

Реклама

Трагедијата за смртта на близнаците ја потресе јавноста. Двете се превремено родени, машко и женско биле стари само 17 дена родени на 31.12.2024 година. Мајката на која ова и било четврта бременост и претходно има уште 3 други малолетни деца, се породила спонтано, а на 10.01. по нејзино  барање новороденчињата се испишани од болницата.

Од болницата велат дека на 16-ти јануари, во 10:45 часот, било донесено женското бебе во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според информациите на лекарите машкото пак новороденче било претходно починато дома од истата причина премрзнување.

Извршена била реанимација на женското новороденчето кое било интубирано, поставено во топли ќебиња и применети биле дополнителни мерки за затоплување, но и покрај сите обиди, починало.

Јавен обвинител наредил обдукција – што би требало да ја покаже точната причина за смртта на близнаците.