Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Дел од јавната администрација денеска на протест

Дел од вработените во пет министерства, од денеска до петок ќе штрајкуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од вработените во пет министерства, од денеска до петок ќе штрајкуваат по половина час. Тие денеска се собраа на протест пред  Министерството за животна средина, од каде побараа од Владата да ги прифати нивните барања за потпишување колективни договори и зголемување на платите за 30 проценти. На протест излегоа дел од вработените во министерство за култура, животна средина, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд, како и вработените од Државниот завод за статистика и во државниот Архив. Претседателот на УПОЗ објасни дека ваквото барање стои на маса повеќе години, но ниту една влада до сега немала разбирање. 

„Почнуваме денеска бидејќи се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред, со што ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените“.

Синдикалците немаа одговор на прашањето зошто излегуваат на протест пред воопшто да се обидат да разговараат со владата, ниту како би се извело покачувањето кое воопшто не е предвидено со колективниот договор, а не е планирано ни со буџетот.

Реклама

„Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари. Додатокот што го бараме од 30 отсто значи дека вработените би добиле 6.000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа, сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата“.  

Барањето за зголемување на платите не е предвидено ниту со закон ниту со колективен договор што според експертите претставува директна форма на притисок врз институциите за решение на надвор од правните рамки. Иако Владата неодамна ги зголеми платите на просветните работници, докторите и здравствениот персонал, синдикатите сега бараат повисоки плати за администрацијата во Министерствата. Дополнително јавноста критикува дека синдикалните лидери кои примаат плати над 1000 евра со дополнителни привилегии, се однесуваат како монарси што го намалува кредибилитетот на нивните барања.

Љубиша Владимиров