Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Неисчистените замрзнати тротоари го земаат данокот, болниците се полнат со пациенти со скршеници

Мразот и снегот си го земаа данокот. Скршениците на нога или рака,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мразот и снегот си го земаа данокот. Скршениците на нога или рака, како и други повреди од паѓање на мраз ги полнат трауматолошките центри. Откако падна првиот снег во Скопје, но и цела Македонија двојно е зголемен бројот на луѓе кои имаат скршеници велат ортопедите. И ренген службата деновиве е една од најактивните каде се снимаат пациентите кои имаат мака со фрактура на екстермитети. Најчести повреди биле скршеници на подлактици и на подколеница. Кај повозрасната популација има повреди и на колковите. Лекарите со аларм до граѓаните внимателно да се движат по замрзнатите патишта, посебно за повозрасните доколку немаат потреба да не излегуваат надвор.

За несреќа зголемен е бројот на слчаи со скршеници.Оние скршеници кои се од пад од излизгување и од невнимание.Кај постарите луѓе најчести фрактури се на рачниот зглоб, на рамото на колкот и на подколеницатавели д-р Каревски, ортопед.

Д-р Каревски вели дека на трауматолошкиот оддел во ГОБ “8-ми септември” за оперативни зафати не се чека многу, но секоја хирушка интервенција зависи од болестите на пациентот и сериозноста на повредата.

Реклама

Чекањето зависи од многу фактори, ако имаме наплив…ние се трудиме, салите работат малтене 24 часа, нели секогаш е проблем анестезиолошки тим, претходното здравје кај пациентите особено ако се во поодмината возраст треба да се направат претходни испитувања, пред операција…чекањето е од случај до случај.Со материјали, болницата е обезбедена со се што требавели ортопедот Каревски.

Поради ваквото време, докторите очекуваат бројката на граѓани со скршеници на екстремитетите да се зголемува.

По најавите на хридрометеоролозите дека во наредните денови температурата ќе падне и повеќе од десетина степени под нулата, а тоа ќе доведе до голомразица лекарите апелираат на внимателно движење.

Дополнителен проблем кај граѓаните е и и загадениот воздух, кој снегот не го исчисти. Скопје сѐ уште е загаден повеќе од дозволеното, најзагаден град утрината беше Битола со индекс 102.

Струмица која изминатиот период беше екстремно загадена и денеска е со индекс од 71.Умерено загадени градови денеска се и Кавадарци, Велес, Гостивар и Тетово.