Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Тројца Македонци привдени во Хрватска – сториле 16 кривични дела

По завршена кривична истрага од страна на хрватската полиција, тројца државјани на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По завршена кривична истрага од страна на хрватската полиција, тројца државјани на Македонија се обвинети за сторени 16 кривични дела тешка кражба, пренесуваат хрватските медиуми.

Станува збор за луѓе на возраст од 37, 42 и 50 години, за кои истрагата утврдила дека во текот на изминатата година, од март до крајот на септември, во 16 наврати упаднале во станови во областа Ријека, од кои краделе накит, пари и други предмети, при што ги оштетиле хрватските државјани за најмалку 97 илјади евра.

Дел од украдените предмети се пронајдени во кривичната истрага, како и специјалното средство за кражба со кое се извршувале делата. Истрагата открила и дека во август извршиле две слични кривични дела во областа Макарска во Сплитско-далматинската жупанија, но и во областа Загреб во октомври, кога биле уапсени од полициски службеници од Полициската управа во Загреб. По извршената кривична истрага, тројцата осомничени со кривична пријава до надлежното државно правобранителство, поради основано сомнение за сторени горенаведените кривични дела, се предадени на надзорникот на притворот.