Уште едно делче во мозаикот кое дава појасна слика за трагичната автобуска несреќа, која се случи на автопатот Струма во Бугарија, во ноември 2021 година. За смртта на 45 македонски државјани вина има и бугарската Агенција за патна инфраструктура. Судот одмерил дека агенцијата сноси одговорност од 10 проценти за штетите за трагичната несреќа и треба да им исплати надоместо, од по 20 илјади лева, на секој од тужителите. Според одлуката на Окружниот суд во Перник, патот бил проектиран со недостатоци, односно на повеќе места немало поставено знак за ограничување на брзината до 90 километри на час..
Лошо е изградена и одржувана, ознаките не е во согласност со регулаторните барања. Тие укажуваат дека не се поставени никакви знаци D7a и D8a за почеток и крај на експресниот пат и знак E22 што би значило експресен пат со ограничување на брзината до 120 km/h…Во средишната ограда, веднаш по просторот за рекреација, нема знак Г1 – „Движење само право напред по знакот“ и веднаш потоа стои знакот „Кула -129 км“ – кој не предупредува дека доаѓа заобиколен пат. Не е изграден „тампон“. како почетен елемент на системот за врзување што се инсталира во случај на опасност заради раздвојување на сообраќајните текови и заобиколувања.
Блиските на жртвите во август 2022 година поднесоа барање за обесштетување во висина од 750 илјади евра против АПИ и Бугарската асоцијација на осигурителни возила. Сепак тужителите не се целосно задоволни. Според адвокатот на роднините Николај Димитров во моментот на несреќата имало голем број технички неисправности на коловозот, погрешни ознаки и знаци, неквалитетни заштитни огради и асфалт, што влијаело за сообраќајната незгода со трагични последици, но тоа, според нив, не е 10 проценти од вината.

„Не сме задоволни од одреденото обештетувањето кое го одреди судот односно дека Агенцијата за патна инфраструктура има вина само 10%. За нас таа вина е 50%. Односно, половина од вината е кај шоферот половина кај Агенцијата за партна инфраструктура. Веќе поднесовме жалба до судот во Софија и очекува да се произнесе“ вели Николај Димитров, адвокат од Софија
Судот во Перник има и второ решение, вели Димитров, кој ја потврдува вината кај Агенцијата за патна инфрастуктура, а очекува и останатитеодлуки да бидат во истата насока.
„Тоа што ние го тврдиме е очигледната вистина. Тоа се утврдени факти во Бугарија, тоа го знаат сите. Во Агенцијата за патна инфрастуктура се назначуваат одговорни лица кои се политички активни и тие имаат имунитет од одговорност. Ние со ова решение сакаме тоа да го докажеме“ вели Николај Димитров, адвокат од Софија
И во Македонија имаше судски предмет против сопственикот и компанијата „Беса Транс“, обвинети за користење на фалсификувани документи во превозот на патници. Во ноември 2021 година во Скопскиот кривичен издаде четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и парична казна од 800 илјади денари. Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ доби затворска казна од 1 години и осум месеци заради фалсификување на документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите ја напуштале државата превезувајќи патници беше. Истрагата за случајот покажа дека со фалсификувани лиценци 135 пати автобусите на „Беса Транс“ ја напуштиле државата, поради што се казнети и двајца цариници кои ги пропуштале автобусите на „Беса Транс“. Но , скопска апелација го врати предметот на повторно одлучување.
