Реклама
Прилози

Очајнички потег на ДУИ: Интерпелациите се обид на Ахмети да се спаси од катастрофа на локалните избори

Интерпелациите се обично политикантсво на ДУИ и обид колку толку да останат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интерпелациите се обично политикантсво на ДУИ и обид колку толку да останат актуелни пред своите гласачи, чии број драстично паѓа откако заминаа во опозиција. Потег од кои се дистанцираат дури и СДСМ, нивните верни партнери, со кои седум години ја делеа власта. Според познавачите и повеќе од очекувано е социјалдемократите во јавноста да држат дистанца од Али Ахмети, во обид некако да го кренат својот рејтинг, кој е во слободен пад.

Политичкиот аналитичар Александар Ристевски вели дека дополнителен проблем за двете партии е што немаат доволно простор за парламентарен маневар, бидејќи бројот на пратеници може дополнително да им падне и на Европскиот фронт и на коалицијата предводена од СДСМ. Такви случаи веќе има и на двете страни. Социјалдемократите  ги напушти Моника Зајкова од ЛДП, а Европскиот фронт остана без Мендух Тачи од ДПА. Двајцата во Собранието настапуваат како независни.

-Треба за почеток место да размислуваат како некаква коалициска форма или како некаков реален нивен партнер, дека треба да размислуваат како автохтона и државотворна партија, што во последниве 7-8 години, апсолутно го загубија и дното СДСМ какво такви го доживеаја токму поради хировите и глупостите на ДУИ. Значи сите ако ги трнеме на страна што не се ДУИ и не се СДСМ, се 95 пратеници. Нивниот простор да маневрираат е да прават опструкции, изјави Ристевски.

Реклама

Според познавачите барањето одговорност од функционерите е целосно неосновано и јасно е дека ќе мине без успех. Ристевски е на ставот дека ДУИ со ова се обидува колку толку да задржи дел од своите гласачи, бидејќи се појасно е дека им следува дебакл на локалните избори во октомври.   

-Она глумење на жртва, она што го шират, па не можам веќе да го наречам пасивен национализам и шовинизам, веќе е отворен, малку се губи земајќи во предвид дека само пред две три години глумеа еколошка и зелена партија. Така да, мислам дека ова е само еден нивен своевиден обид да останат актуелни, да останат во жижата на случувањата и борење за внимание на јавноста и борење за внимание на јавноста пред локалните избори кои ни следуваат за девет месеци, изјави Ристевски.

Во петок Собранието ќе ја почне расправата за интерпелациите поднесени од ДУИ за вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

Собранискиот спикер Африм Гаши претходно кажа дека секоја интерпелација ќе се дискутира во текот на целиот ден во зависност од пријавените пратеници за збор, но сепак на крајот на денот ќе мора да се гласа.

Матеја Петровски