Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Светско бранување по најавата на Tрамп да ги присвои Гренланд и Панамскиот канал

Доналд Трамп предизвика бура од реакции по неговите коментари во кои не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп предизвика бура од реакции по неговите коментари во кои не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Гренланд и на Панамскиот канал.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повеќепати ги повтори цврстите ставови дека острвот Гренланд, кој веќе 600 години е под данска управа, не е и нема да биде никогаш даден на продажба.

„Ќе кажам многу јасно. Гренланд е за гренландскиот народ. Тој не е на продажба. САД се наш апсолутен најблизок сојузник, и тоа во сите прашања од одбраната и безбедноста, како и во однос на северниот дел на Атлантикот каде тензиите растат. Имаме јасен интерес во тоа што САД играат голема улога, а не Русија или други земји. Но, Гренланд е за гренландскиот народ. И мора да соработуваме на истиот начин на кој сме навикнати, меѓу другото, во НАТО и во другите меѓународни форуми“, изјави Мете Фредериксен, премиерка на Данска.

Реклама

На иста линија е и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој на „Твитер“ напиша дека нема шанси Канада да стане дел од САД. Трамп на прес-конференција со новинарите ги повтори неговите желби за припојување на Канада како 51 членка на САД и му порача на Трудо дека САД и Канада заедно би биле голема нација. Не исклучи ниту воена анексија и на Панама и предложи преименување на Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“.

„Зборувате за Панама и за Гренланд. Не можам да ви гарантирам за нив. Но, можам да кажам дека ни се потребни за економска безбедност. Панамскиот канал е изграден за војската. Панамскиот канал е витален за нашата земја. Контролиран е од Кина. Кина. А ние Панамскиот канал го дадовме на Панама, не на Кина“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино,рече дека секој квадратен метар од Панамскиот канал и неговите соседни зони е дел од Панама и така ќе остане и во иднина. И додека светот трепери пред најавите на новиот американски претседател да испраќа војска за да ги припои Гренланд, Панамскиот канал и Канада, дел од луѓето кои живеат на најголемиот остров на светот се сликаа со неговиот син, Трамп Џуниор.

Дел од мештаните посакуваат одвојување од Данска и самостоен Гренланд. Во 2008 година на рефендум изгласаа Закон за самоуправа со кој преземаат поголем број ингеренции од данската влада, но одбраната, економската и надворешната политика остануваат грижа на Копенхаген.

Критичарите на Трамп ја нарекоа неговата идеја луда, но она што најмногу ги загрижува сите е како би реагирал НАТО во случај Америка да нападне некоја од нејзините членки. Во тој случај, би се активирал членот 5 на Алијансата кој предвидува колективен одговор на непријателски оган. Првиот човек на француската диполматија, Жан Ноел Баро рече дека ЕУ нема да дозволи други нации во светот да ги нападнат нејзините суверени граници кои и да се тие.