Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачките систем, во време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ

Ако премиерот Христијан Мицкоски во 2020-та бил организатор на параполициска воена формација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако премиерот Христијан Мицкоски во 2020-та бил организатор на параполициска воена формација  составена од радикални националисти и затоа го следеле, зошто ниту една интистуција во тоа време не го инфомирало Министерството за внатрешни работи. Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев бара Јавното обвинителство веднаш да ги истражи конструкциите за пара-полициски формации бидејќи претставуваат сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем. Тој вели дека во 2020 во предизборниот период во неколку наврати побарал од Агенцијата за национална безбедност да го информира доколку постојат незаконски активности, но не добил ништо.

Апелира Обвинителството да ги утврдуди сите инволвирани луѓе и незаконски дејствувања во следењето на Мицкоски како наводен организатор на параполициска формација.

Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени. Тука се поставува јавно прашањето: доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не беа доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати беше побарано од моја страна? Прашува Чулев.

Реклама

Инаку, Мицкоски наводно бил инспиратор и финансиер на параполициска воена формација составена од радикални националисти. Ваква причина навеле безбедносните стуктури за да го следат премиерот, тогаш лидер на опозицијата . За време на техничката Влада во 2020 година, Мицкоски бил следен во чекор, и не само тој туку и неговата сопруга и двата сина. Го следеле под кодните имиња на измислените ликови „Цилиндар“ и „Џокер“. Според премиерот имињата се креирани од разузнавачките служби, во пресрет на изборите во 2020 година, кога беше во опозиција, со цел да создадат алиби за негово следење. Премиерот за оваа тема разговараше и со републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Како што најави, тој чека дали дали гласот ќе допре до нив и тие ќе постапат.