Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Николоски на свеченото пуштање на експресниот пат Страцин – Крива Паланка

Нема поубав начин да се започне Новата година со отварање на еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема поубав начин да се започне Новата година со отварање на еден ваков капотален проект што ќе остане децении, векови после нас и затоа честитки за сите, честитки за цела држава, честитки за сите кој ќе го користат овој пат затоа што ќе го забрза протокот и комуникацијата помеѓу вам и главниот град, Скопје и Истокот на Македонија, изјави денеска на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека ова ќе претставува витална артерија за поврзување со истолниот сосед, како и развој на индустриски капацитети од левата и десна страна на патот.

-Ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата на левата и десната страна на овој скспресен пат, да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвараат нови капацитети, фабрики, и целосно целосно да го заживееме истолниот дел на Македонија, истакна Николоски.

Реклама

Како Влада се соочивме со многу проблеми, но благодарение на посветеноста, како и личната посветеност на премиерот успеавме да го завршиме овој проект, рече во своето обраќање бицепремиерот Николоски.

-Кога беше избрана владата се соочивме со многу проблеми, многу застанати проекти, многу проекти кои што ниту имаа јасно финансирање, ниту јасен план како ќе бидат завршени, ниту извесност за завршување. Благодарение на посветеноста на владата, морам да ја потенцирам и личната посветеност на премиерот Христијан Мицкоски, успеавме да го завршиме овој проект, за што и сум многу благодарен, и ова пред се не негова заслуга, рече Николоски во своето обраќање.