Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

Владата има сериозни намери да ги стави под контрола трговците за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата има сериозни намери да ги стави под контрола трговците за да не се богатат на грбот на граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите. Тој најави жестока реакција на Владата доколку се  утврди дека повторно има несакани појави во маркетите.

Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Претходно, трговските ланци и помалите маркети ги зголемија цените на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне, па дел од трговците се опаметија.

Реклама

Мицкоски потсети дека пензиите ќе продолжат да растат. Пензионерите во март ќе добијат нови 2500 денари зголемување, и со тоа завршува втората фаза од ветувањето на Владата за линеарно покачување на пензиите. Премиерот вели дека и во иднина Владата ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите за подобар животен стандард.

Со тоа се заокружува ветувањето дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5000 денари. За девет месеци тоа ќе го направиме. И мислам дека  пензионерите се задоволни од оваа мерка и дека на некој начин успеваме да им ги олесниме пензионерските денови како Влада и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300 илјади пензионери ќе го добијат ова покачување со мартовската пензија, изјави премиерот Мицкоски.

Покрај заложбата за подобар стандард на пензиите, Владата се бори и за повисоки плати во здравствениот сектор. Според најавите на премиерот, во периодот што следи ќе ги исполнат сите договорени работи со синдикалците.