Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Скромен дочек на новата година на плоштадот во Скопје, новогодишна прослава организираше и Кисела Вода

Искрени желби, прегратки, здравица за подобра и поуспешна година… Поклопувањето на стрелките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искрени желби, прегратки, здравица за подобра и поуспешна година… Поклопувањето на стрелките на часовникот го означи почетокот на 2025. Со прослава на плоштадот во Кисела Вода, граѓаните го дочекаа први јануари. И годинава градоначалникот Орце Ѓорѓиевски организираше музичка програма за најлудата ноќ пред платото на сала Расадник.

„Еден од поубавите дочеци на Новата година се случи тука во Кисела Вода, каде публиката ја забавуваа Игор Џамбазов, Влатко Лозановски, Куку Леле и Врчак“.

На некои 2024 им донесе радост и среќа, други пак посакуваат да ги заборават лошите спомени… со надеж дека новата година ќе им донесе поубави, како и многу здравје, среќа и бериќет.

Реклама

„Воглавно работев многу, работев и за други и за себе. Се обидував да си го чувам здравјето, но следната година ветувам дека уште повеќе ќе си го чувам, оти на мои години веќе не е препорачливо да се седи на минус три и да се пее. Замрзнав. Си посакувам и на себе си и на другите веќе со години три работи, здравје, здравје и здравје“, изјави актерот и шоумен Игор Џамбазов.

За најлудата ноќ секој со своја шема. Некои во домашна атмосфера, со семејството и пријателите, а некои на забава излегоа и на плоштадот во Скопје. И покрај тоа што до последен момент беше неизвесно дали ќе има организирано прослава за Новата година, граѓаните славеа во центарот на Скопје, но во значително помал број од претходните години.

„А, Нова година се славеше и на плоштадот во Скопје каде ѓраѓаните се собраа и уживаа во музиката на Љубојна, Ареа, Нокаут, Сара Мејс и сите си посакаа многу среќа пари и успех во 2025 година“.

И покрај поскромното новогодишно украсување, дел од скопјани весели, разиграни ја почувствуваа новогодишната атмосфера.

Оние кои можеа да си дозволат малку повеќе, најлудата ноќ ја прославија во ресторани, кафулиња и хотели. Скопјани за момент заборавија на проблемите кои ја одбележаа 2024 и очекуваат дека овие 365 дена ќе бидат подобри од претходните.

Љубиша Владимиров