Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Во мај ќе биде во употреба затворениот базен во ОУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода

Затворениот базен во училиштето „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворениот базен во училиштето „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода ќе биде пуштен во употреба во 2025 година. Базенот кој беше започнат со градба во мандатот на минатата влада, основците ќе можат да го користат од мај следната година.

Министерот за спорт Борко Ристевски со градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска извршија увид во градежните активности кои се во финална фаза.

„Со гордост можам да најавам дека без разлика што овој проект, почнат од претходната влада и застанат после четири пет години, мислам дека со гордост ќе најавам дека ѓи разрешивме дилемите, најдовме заеднички јазик, повторно ќе повторам со економскиот оператор и на големо задоволство на министерството и на мое лично, ќе продолжиме да ги градиме овие базениќе продолжиме да не останат едно црно ругло во секоја од општините и генерално низ Македонија“, изјави Борко Ристовски министерот за спорт.

Реклама

„Овој базен, чија изградба ќе биде завршена кон крајот на мај, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи на пред се’, на учениците, спортистите, но и на сите граѓани. Пливањето, како еден од најкомплексните спортови, има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации. Со оваа инвестиција, овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Базенот е од затворен тип со должина 25 метри и ширина 9 метри, како и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри во другиот дел. Станува збор за полуолимписки тип на базен и ќе биде наменет да се користи за едукација, обука и пливање, а истиот е со ‘FINA’ стандарди.

Почна да го гради минатата влада, но не го заврши од непознати причини. Министерот за спорт рече дека нема да бидат издвоени дополнителни финансиски средства и покрај доцнењето на изградбата, но објасни дека доколку истиот се завршел порано, државата можела да заштеди на материјали.  

„Цените кои што тогаш беа за изградба на еден базен се едни, после четири години со инфлацијата се сосема други, така да затоа искажав голема благодарност до економскиот оператор, кој што во заеднички договор и разговор најдовме едно решение кое што ќе биде, ќе повторам јавен инверес, без дополнителни трошкови од државата“, рече Борко Ристовски, министерот за спорт.

Со базенот кој е финансиран од Владата, ќе стопанисува општината Кисела Вода, а покрај основците од училиштето „Невена Герогиева Дуња“ ќе можат да го користат и другите граѓани.

Во фаза е изградба на уште пет вакви базени, а градоаначалникот Ѓорѓиевски објасни дека Владата ја гради и салата Расадник, но со неа ќе стопанисува општината. 

Љубиша Владимиров