10 милиони евра – за толкава сума екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и уште седум вработени во две државни институции се осомничени дека ја збогатиле фирмата „Зобек Мининг“. Според финансиската полиција тие делото го сториле во периодот од јануари до јули 2022 година, а почнало откако Деспотовски го потпишал огласот за изградба на внатрешна инфраструктура во ТИРЗ Штип и Струмица. На тендерот се пријавиле две компании, од кои фирмата која го добила тендерот, иако имала пократок рок од само 120 календарски денови да го заврши проектот, цената која ја понудила била многу повисока.
Клучна улога во изборот на фаворизираната компнија одиграле тројцата осомничени од Бирото за јавни набавки, кои замижале на фактот дека „Зобек Мининг“ е многу поскапа, но не провериле ни дали добитниците воопшто ги исполнуваат условите од тендерот.
- „…не ја извршиле својата службена должност за контрола за исполнетоста на условите од тендерската документација по однос на техничката и професионална способност за изведување на предвидените работи, како и по однос на рокот на изведба на работите како критериум за квалитет. Тие не ги увиделе неправилностите и до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје, доставиле записник од извршена управна контрола со дадено мислење дека договорниот орган може да продолжи со постапката за јавна набавка“ стои во кривичната пријави од Финансиската полиција.
Откако, скопската фирма го добива тендерот, вториот понудавач се жали, но залудно, бидејќи четворица осомничени од Државната комисија за жалби по јавни набавки, го игнорира доставениот стручен наод и мислењето од вешто лице и ја одбива како наоснова. И се потпишува договорот, а за изведба скопската фирма има само 4 месеци.

- „Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за 84.688.628 денари или 19,77% од основниот договор и дополнително го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за дополнителни 34.921.240 денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите“ наведува Финансиска во кривичната пријава.
Зобег мининг не го испочитувала главниот услов поради кој го добила тендерот а тоа е рокот од 120 дена. За ова ексдиректорот Деспотовски не презел ништо односно ниту го раскинал договорот, не ги активаривирал банкарските гаранции ниту пак побарал „Зобег Мининг“ да си плати пенали.
Финансова бара замрзнување на имотот на скопската фирма, а обвинителот барањето го достави и до Судот. Кривичен пред два дена му го одзема пасошот на Деспотовски кој има обврска и да се јавува во судот. Тој пак уверува дека ќе ја докаже дека не направил ништо незаконски.
