Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија

„Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да ги видиме сите оние позначајни моменти, оние акции коишто Министерството за внатрешни работи, заедно со своите структури ги има изведено изминатиов период. Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме.

Можеби правдата е спора, но секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже, таа на крај секогаш доаѓа и секогаш победува. Така што, јас можам само да ги охрабрам сите оние припадници на Министерството за внатрешни работи дека никому ништо никој не должи освен на македонските граѓани и на државата, се разбира.

Така што, ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки, се лаже. Ќе повторам, правдата е бавна, спора, но таа секогаш на крај победува. Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и дека сите оние коишто мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и дека истите ќе бидат одговорни пред законот и пред Уставот.

Реклама

Така што, еве уште еднаш да изразам благодарност до Министерот, од сите вработени во Министерството за внатрешни работи за сето она што го прават изминатиот период и да ги охрабрам, во периодот којшто следи да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде, на целата територија на Македонија како држава, вели Христијан Мицкоски, по презентацијата на резултатите од работата на МВР.