Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Нови 1.200 вработувања во здравството во првото тромесечје во 2025 година, на Инфективна Клиника фалат 100 вработени

Јавното здравство најдоцна до март ќе се зајакне со 1200 нови здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното здравство најдоцна до март ќе се зајакне со 1200 нови здравствени работници потврдуваат надлежните.Министерот Таравари вели дека владиниот филтер за вработувањата е поминат, сега се е во рацете на директорите на јавните установи, да направат реорганизација колку и каков персонал им е најпотребен.Според директорот на Фондот за здравство, најнеопходни во системот се медиицнски сестри и болничари.

“Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања”, рече Таравари.

“Конечната одлука за вработувањата дека нема да има трансформација на договрите на дело со закон.Туку сите ЈЗУ ќе имаат обврска да поднесат барања до МЗ и преку ФЗОМ до министерство за финансии да добијат согласност за вработувања во 2025 и тоа да се релазиира до 31 март 2025 како краен датум” вели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Реклама

Ако ни се случи пандемија ќе нема кој да не лекува на Инфективна клиника има недостиг од 100 здравствени работници, обелоденија од Фондот за здравство. Фалат сите профили на работници од доктори до хигиеничари.Според директорот Клековски на оваа клиника треба итна интервенција.

“Состојбата со инфектолози е критична на територијата на цела држава, бидејќи има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати со продолжување на договорите до 67 години..мораме со програма и мотивација на персоналот да обезбедиме ладен погон” – вели Клековски.

Раководството на Фондот за здравство уверува дека 2025 година ќе биде поуспешна од 2024 во областа на здравствениот систем.А кога станува збор за проширувањето на позитивната листа на лекови од таму велат дека се прават напори набрзо да има нови лекови на позитивната листа. Се размислува и оние лекови кои чинат од 50 до 100 денари, да се заменат со поскапи лекови, кои ќе бидат на товар на Фондот.

Ања Лукарова