Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите) е утврдено дека цените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите) е утврдено дека цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто, но се додадени и околу 30 нови производи (млеко и млечни производи, месо и месни производи, масло и јајца) каде се бележи намалување од 10 до 20 отсто, соопшти Државниот пазарен инспекторат.

Оттаму додаваат дека од вчера пазарниот инспекторат е на терен низ цела Македонија и врши контроли кај добавувачите, производителите и маркетите.

-Мониторинг на цените се спроведува кај производите кои се дел од Новогодишната кошница, но дополнително и кај одредени основни прехранбени производи кои не се дел од кошничката, информираат од ДПИ.

Реклама

Во месец ноември, како што е посочено во соопштението, постоело зголемување на цените на основните прехранбени производи, но со започнувањето на акцијата „Новогодишна кошница“ постигнато е нивно стабилизирање и намалување.

-Трговците на мало (маркетите) генерално се придржуваат до акцијата за намалување на основните прехранбени производи, а констатирани се ситни забелешки во однос на обележување на цените и самите цени, што по изречените опомени беа коригирани и отстранети. Кај добавувачите и производителите односно трговците на големо контролите се во тек, а по нивно завршување ќе ја информираме јавноста за утврдената фактичка состојба, се наведува во соопштението од ДПИ.