Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Владата ја претстави стратегијата за подобрување на животот на Ромите до 2025 година

Владата има системски решенија за Ромите, за поквалитено образование, вработување и домување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата има системски решенија за Ромите, за поквалитено образование, вработување и домување. Министерот Шабан Салиу на состанокот со невладините ромски организации ја претстави стратегијата за 2025 година со која ќе се детектираат проблемите кои ги засегаат оваа категорија граѓани, се со цел да се дојде до едно поинклузивно и поправедно општество.

Салиу објасни дека во стратегијата е наведена заедничка соработка со осум Министерства од кои ќе треба да се обезбедат дополнителни буџетски средства за решавање и подобрување на животот на Ромите.  

Нашите права како и на останатите се загарантирани со Уставот рече Салиу.

Реклама

„И ние сме граѓани на ова општество и ние имаме дечиња кои треба да одат во училиште имаат свои потреби и ние имаме потреба од облека храна, односно живот. Државата очекувам посебно претседателот на Владата Христијан Мицкоски со кого имам одлична соработка во претходниот период, да организираме повеќе можности, буџетот кој ќе биде во оваа стратегија и во законите на другите министерства да се зголемат“, рече Шабан Салиу, министер за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите.

Министерот објасни дека голем број граѓаните од ромската заедница во пресрет на зимскиот период, немаат огревни дрва за да се загреат. Рече дека во владата имаат разбирање за нивното барање за дополнителни 33 милиони евра за изградба на 1001 стан, а посочи дека има одлична соработка со Министерот за социјална политика, демографија и млади и дека заеднички ќе пристапат во решавањето на одредени потреби за ромската заедница.

„Со господинот Лимани очекуваме да го појачаме со нови вработени со пошироко размислување како подиректно да се реагира кај граѓаните односно кај Ромите“, рече Шабан Салиу, министер за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите. 

Салиу за крај рече дека во иднина очекува поголема совест од Владата и министерствата и дека посакува искрена и доследна интеграција на Ромите, не само тука, туку и во Европа. 

Љубиша Владимиров