Реклама
Македонија

Премиерот и министрите ќе одговараат пред пратениците, а цела опозиција има само 9 прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Но, каде се малку на број, па уште и незаинтересирани да си ја работат работата.

Реклама

Така, на листата на пратенички прашања, јасно може да се види дека иако премиерот и министрите им се речиси цел ден на располагање, пратениците на СДСМ ќе им постават само 5 прашања.

За поставување на пратеничко прашање се јавиле: Горан Мисовски, Славјанка Петровска, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски и Даниела Николова од СДСМ.

Од Левица ќе бидат поставени само две прашања, од пратениците Реџеп Исмаил и Јована Мојсоска.

Европскиот фронт, пак, пријавил исто така само две пратенички прашања, а нив ќе ги постават Блерим Беџети и Рина Хајдари.